Skip to main content

Ознака: VMRO

Екологијата во Охрид тема на денешниот прес

Post Views: 119 И денеска прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ. Но како ретко досега се осврнаа на својата програма без прашања за градоначалникот. Тема на денешниот прес беше екологијата во Охрид.Како еден од приоретитетите за Кирил Трендафилов Нанче е заштитата на животата средина.  Со чист Охрид ќе се обезбеди зачувување на статусот заштитен град од УНЕСКО и ќе биде исполнет основниот предуслов за туристички развој на градот. Приоритет е изградба мониторинг системи за управување со еколошките проблеми. Најголемо внимание ќе се посвети на канализационите системи како во градот...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ побараа објаснување за раздолжувањата на општина Охрид

Post Views: 262 Прес конференција на ВМРО ДПМНЕ. Нови прашања и нови обвинувања упатени до градоначалникот Александар Петрески.„И покрај тоа што кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески одржа две прес- конференции на кои самиот вети дека ќе одговори на нашите прашања во врска со неговите неисполнети ветувања од изборната програма од пред 4 години насловена „Секој ден се поблиску до целта“, како и за неговата нова „визија“ од Охрид да прави центар на проституција, Александар Петрески остана доследен на себе – ни ова ветување не го исполни“, рече Јованчо Секуловски портпарол...

Продолжи со читање

Проекти од прогррамата на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 99 Изградба на олимписки базен, нови спортски терени и современа марина се дел од проектите на Нанче.Промовирана изборната програма на градоначалничкиот канадидат од Вмро Дпмне, Кирил Трендафилов Нанче. Функцијата градоначалник за мене не е привилегија туку поставување на ефикасна и модерна администрација во која и самиот  ќе работам  на решавање на граѓанските проблеми вели, Нанче. Тој  ветува дека ќе биде одговорен лидер кој секојдневно од администрацијата ќе бара отчет за сработеното. Интенција на Нанче ќе биде Охрид повторно да го претвори во  центар на целиот регион....

Продолжи со читање

Ромите, на локално ниво ќе го поддржат ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 114 Денес и официјално беше ставен потпис на овој договор помеѓу Ромите и ВМРО ДПМНЕОхридските роми своите гласови, на претстојниве локални и претседателски избори, ќе им  ги дадат на ВМРО ДПМНЕ. Денес, во просториите на ОК на ВМРО ДПМНЕ договорот го потпишаа претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски и претседателот на ОО на Демократските сили на ромите, Фејзо Шемо.Демократските сили на ромите, и во 2006 и во 2008 год. своите гласови им ги даде на ВМРО ДПМНЕ, како на централно тека и на локално ниво. „Се надеваме дека, гласовите на ромите ќе ни освојат барем едно...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ го обвинува Петрески

Post Views: 122 На денешната пресс конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ го прозва градоначалникот Алкесандар Петрески да одговори на неколку прашања.Кога пред 4 години влезе во политичката трка да ја бара поддршката на граѓаните на Охрид, Александар Петрески ја бараше врз основа на изборна програма наречена „Секој ден поблиску до целта“. Сега, 4 години подоцна, самиот за себе постојано повторува дека „исполнил повеќе од што ветил“, рече портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ЈОванчо Секуловски.На кој начин петрески го исполни сопственото ветивање за „времен мораториум за грдба во централното подрачје“....

Продолжи со читање

ВМРО-Народна ја промовира својата изборна програма

Post Views: 250 „Охрид- македонскиот Eрусалим, регионален, духовен, културен, туристички и економски центар- е мотото на општинската ВМРО- Народна партија. За формирање Општински економски совет- меѓу другото ќе се залага кандидатот за градоначалник од ВМРО- НП , д- р Томе Гиноски. Основната функција на ова тело ќе биде да ја надгледува економската состојба во општината. При тоа да предлага мерки за расчистување на должничко- доверителските односи,  да се залага за искоренување на сиромаштијата и поттикнувањето на влезот на странски капитал.Во изборната програма на Гиноски големо...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ задоволна од синоќешниот митинг

Post Views: 260 Од страна на кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов – Нанче, на прес-конференцијата во ОК беше упатена благодарност до сите граѓани кои присуствуваа на вчерашниот митинг. Според него, вчерашниот митинг е најава на уште една победа на партијата ВМРО ДПМНЕ на наредните локални и претседателски избори.“Мојата администрација ќе биде вистински пријател на бизнисот“ додаде Нанче. Во новата администрација која би била предводена од Кирил Трендафилов – Нанче се предвидува да бидат користени светски искуства во управувањето, со цел да се подобри животот на...

Продолжи со читање

ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери ја започнаа кампањата од Охрид

Post Views: 243 Околу 25 до 30 илјади охриѓани и гости, вечерва ги слушнаа програмите и плановите на кандидатите за градоначалник на Охрид  и претседател на Р.Македонија. Пред присутните се обратија Кенан Хасипи-претставник на Демократската партија на Турците, Амди Бајрам- претставник на Сојузот на ромите, Иван Стоиљковиќ-претставник на демократската партија на Србите на Македонија, Лилјана Поповска-претставник на ДОМ, Љубисав Иванов Ѕинго-претставник на Социјалистичката партија. Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Трендафилов Нанче во своето излагање пред присутните се осврна...

Продолжи со читање

Општинската ВМРО ДПМНЕ ги претстави своите цели

Post Views: 226 Една минута по полноќ, члновите на  ВМРО ДПМНЕ, го одбележаа почетокот на изборната кампања. Прва цел на овие избори е да добиеме легитимен претседател, Втора совесен градоначалник, а трета мнозинство во општинскиот совет, беше речено на денешната пресс конференција.Членовите на ВМРО ДПМНЕ ,точно една минута по полноќ, го одбележаа, почнувањето на изборната кампања од пред седиштето на општинскиот комитет.„Како и во сите претходни избори ВМРО ДПМНЕ и овој пат, тргнува во освојување на гласовите на граѓаните на Р Македонија од срцето на Македонија“, беше речено на денешната...

Продолжи со читање

Градоначалникот Петрески со обвинувања до медиумите и до ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 264 На денешната средба со новинарите, Александар Петрески се пожали дека е спречен како градоначалник да каже пред јавноста што направил во изминатиов 4-годишен мандат, наспроти веќе започнатата предвремена кампања на ВМРО-ДПМНЕ.Петрески смета дека за тоа се виновни медиумите и кажа дека за неправилностите ќе се обрател до надлежните институции, до Советот на радиодифузија, ДИК и до антикорупциската комисија.Во врска со вчерашното усвојување на Деталниот урбанистички план за СРЦ „Билјанини извори“, актуелниот градоначалник побара да не се манипулира  јавноста со работата...

Продолжи со читање

ВМРО- ДПМНЕ вџашена и загрижена од најновите изјави на градоначалникот

Post Views: 173 Од ВМРО- ДПМНЕ се пријатно изненадени од, како што тие велат,  спектакуларната најава на градоначалникот Петрески дека ќе се градат спомен-обележја во централното градско подрачје. Тоа ни влева надеж дека СДСМ конечно ќе ја прифати програмата на нашата партија, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.„Додека неговата матична партија фрла со камења по Владата за изградбата на споменици, Петрески најави изградба на 5 спомен- обележја. Тоа за нас е добро, но истовремено претставува лицемерие и маркетинг кое води кон лажен патриотизам“, рече раководителот на прес- центарот на...

Продолжи со читање

ВМРО- Народна партија ги објави листите на советници за Охрид и Дебарца

Post Views: 251 ВМРО- Народна партија ги објави конечните листи за советници со кои ќе настапи на претстојните локални избори во општините Охрид и Дебарца. „ Успешно ја спроведовме процедурата без никакви проблеми“, рече претседателот на ОК на ВМРО- НП, Ванчо Костоски. На листите за советници се наоѓаат луѓе со високи морални и интелектуални вредности, познати и признаени во средината во која живеат и работаат. Воедно луѓе кои знаат да одговорат на потребите на граѓаните и да придонесат за покваллитетно работење на советот, велат од ВМРО- НП.„На овие избори согласно и досегашната...

Продолжи со читање