Ознака: лице
Post Views: 1.405 Кога бирате фризура имајте на ум дека нема да погрешите ако се одлучите за варијанта која е во склад со вашето лице. Еве што препорачуваат стручњаците.ОВАЛНО ЛИЦЕНа жените со ваква форма на лицето им стојат сите фризури па можат да ги следат модните трендови без ограничувања. Им прилега и долга и кратка коса. Пример за овално лице: Џесика Алба.ИЗДОЛЖЕНО ЛИЦЕАко имате тесно и долго лице не ја пеглајте косата и ни случајно не правете патец на средина бидејќи лицето ќе ви делува уште поиспиено и подолго. Вам ви прилега степенасто ишишана коса а најдобра е средна...
Комисија ќе ја испитува законитоста на досегашните градежни работи на општинската зграда
Post Views: 352 Стопирани градежните работи на доградбата на општинската зграда започнати во времето на поранешата општинска власт. Работите беа сопрени уште пред добивање на манадатото на новата власт, напоменува актуелниот градончалник Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека во меѓувреме формирале Комисија која ќе ја испита законитоста на досегашните градежни зафати на објектот. „Ние формиравме Комисија која ќе ги разгледа сите аспекти околу градбата на зградата. Беа вклучени стручни лице од општината и надворешни стручни служби, а се разговараше и со дел од фирми...
Еден мртов и тројца спасени албански државјани на планината Галичица
Post Views: 286 Акцијата на едниницата за спасување и извлекување од Црвен крст Охрид, на теренот на планината Галичица, заврши со еден мртов и тројца спасени албански државјани. Акцијата започна утрово во 11 часот, а заврши попладнево во 15. 30 минути, кажува Сашо Точко од Црвен крст Охрид.„ Четири лица се движеле на стрмен терен, едно лице се истркалало на 300 -500 метри и удрило во дрво. Се здобило со повреди и настанала смрта. Другите дошле да му помогнат, но нашите екипи кога стигнале едното лице веќе било починато, а другите биле во шок и вознемирена состојба.“Несреќата...
Холивудските актерки почнуваат да се бричат
Post Views: 436 Се прашувате која е најновата тајна за убавина во Холивуд? Кога ќе дознаете можеби помалку ќе се шокирате! Холивудските актерки започнуваат да се откажуваат од ласерското отстранување на влакна и наместо тоа посегнуваат по бричот.Ништо не може да даде совршено мазен изглед пред камерите како добро бричење, па токму затоа сè повеќе жени започнуваат да го бричат своето лице.-Бричењето ги отстранува сите оние влакна кои вообичаено не може да се отстранат со ласерскиот третман, истакнува Кејт Сомервил која се грижи за изгледот на многу холивудски ѕвезди.Според...
Никнуваат нови мини депонии во Охрид
Post Views: 298 Охриѓани ги средуваат своите градини. Тоа може да се забележи и по депониите од зелен отпад кои никнуваат на секое ќоше во градов. Проблемот со несовесните граѓани кои постојано фрлаат ѓубре каде и да им се присака постои и никако да се надмине . А рецептот за мини депонија е добро познат – доволно е една кеса ѓубре, дотраен мебел, па започнува да расте се додека некој од градските власти не ги забележи или некој не ги пријави. За жал се до моментот додека не се преземе нешто, поминува извесно време и не ретко од некоја мала депонија никнува голема, за која...
113 паковки хероин и 2 најлон кеси марихуана пронајде СВР-Охрид
Post Views: 355 СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана. Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини.„Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова...
Фирмите кои немаат набавено дефибрилатор ќе плаќаат високи глоби
Post Views: 390 Државниот санитарен инспекторат од понеделникот врши интензивни контроли во фирмите во кои има повеќе од 100 вработени за да провери дали набавиле апарати за електрошокови, односно дефибрилатори што е предвидено со Законот за здавствена заштита кој стапи во сила од први јуни минатата година. Според него здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи, правосудните органи, единиците на локалната самоуправа,трговски друштва со над 100 вработени, како и хотели со капацитет над 100 легла. Доколку немаат казните се високи. За правно лице изнесуваат...
Едно лице го загуби животот во директен судир на две моторни возила кај Арбиново
Post Views: 294 Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа меѓу селата Песочан и Арбиново. Две лица во несреќата се тешко повредени, од кои едно е во критична состојба по директниот судир на две моторни возила што се случи синоќа на автопатот во изградба Охрид Кичево. Во несреќата било опожарено возило за достава кое целосно изгорело. Увид на местото на несреќата извршил Јавен обвинител и екипа на СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Граѓаните се почесто ја доживуваат оваа сообраќајница како автопат на смртта заради зачестениот број на...
“Chanel 5” слави 90 години
Post Views: 461 Вечниот и незаменлив Шанел 5, кој Коко Шанел го опишувала како “парфем со мирис на жената”, оваа година го слави својот деведесетти роденден.Славниот парфем настанал уште во далечната 1921 година, но и понатаму маѓепсува и восхитува. Испитувањата покажуваат дека тој на секои 55 секунди се купува во некој дел од светот.Во своето долго постоење една од многуте вљубени кориснички на Шанел 5 била и холивудската дива Мерилин Монро, која ја потврдувала неговата магија секој пат кога заспивала “покриена само со него”, а своето лице на неговите...
Еве како во иднина ќе се смируваат протести
Post Views: 577 Американската војска веќе со години користи беспилотни летала за напади на воени цели и им овозможува, без ризик за животот на своите војници, успешно да ги изведуваат операциите на непријателските подрачја. На слична идеја дошле во компанијата Desert Wolf каде направиле Skunk Riot Control Copter – посебно беспилотно летало чија цел ќе е смирување на големи протести, односно снимање, означување и растерување на протестанти. Ова летало е опремено со камери, звучници и силни рефлектори, така што може да ги снима и да ги осветлува протестантите и да им упатува пораки...
Колку влијаат личните ставови на полицаецот врз нeговиот професионализам?
Post Views: 350 Кога знаеме дека полициските овластувања траат 24 часа на ден, а огромен е и бројот на ситуации кога полицаецот треба да донесе одлука за многу кратко време не ретки се случите кога доаѓа до конфликт помеѓу неговиот личен став и неговата професионалност. Гордана Јанкуловска Министерката за внатрешни работи на РМ истакна дека во таквите случаи на сила стапуваат законските и морални рамки во кои правата на одговорното лице и неговиот личен избор нема да дојдат во конфликт со она што е приоритет на државата во даден момент.„Бидејќи полициските службеници речиси без...
Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина
Post Views: 323 Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина. Родителите со сопствени средства и работна сила ќе засадат 3000 цвеќиња донесени од приватни расади. Сега временските услови не се погодни за садење, но ќе ја изораме и фрезираме дворната површина со што ќе ја подготвиме за пролетното садење, вели Душко Цветкоски еден од иницијаторите на оваа акција.На ова место 25 години ништо не било направено.ВД директорот на ова основно училиште, Тони Симоновски вели дека се радува на оваа иницијатива и на соработката со родителите. Дворот на едно училиште всушност е...