Skip to main content

Ознака: лице

Пријава за лице од Штип поради ширење омраза на фејсбук

Post Views: 191 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип.Тој, на 13.05.2021 година на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал недоличен коментар со што, промовира и поттикнувал омраза кон определена група или поединец – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче

Post Views: 245 Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше  грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.До надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје е поднесена кривична пријава против 19 годишно лице од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело убиство.Според досега документираните сознанија, на кривично-правниот настан претходел обид за кражба на велосипед, што ја извршил пријавениот во дворот на оштетениот нешто по 17,00 часот, но истиот бил забележан од страна на жртвата и неговиот татко. Откако, не...

Продолжи со читање

Апликации за уверенија за сметководители до 13-ти мај

Post Views: 247 Крајниот рок за аплицирање за стекнување со уверение за сметководител истекува на 13 мај, соопшти Министерството за финансии.Сите заинтересирани граѓани можат да ги поднесат апликациите до писарницата на Министерството за финансии (во зградата на НИП Нова Македонија) или да ги испратат на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје. Потребната документација, согласно видот на лиценцата, е објавена на веб страницата на Министерството за финансии www.finance.gov.mk.Министерството за финансии издава три вида лиценци согласно образованието и...

Продолжи со читање

Упатите за специјалист ќе важат една година

Post Views: 332 Важноста на (суб)специјалистичкиот упат сега е една година наместо, како досега, еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања што се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедуваат упат од матичниот лекар – појаснуваат од Фондот.Kога осигуреното лице е примено како итен случај, повеќе нема потреба да се грижи за упат и административни работи, бидејќи здравствениот систем, во негово име, ќе ги заврши сите процедури во поглед на упатувањето, соопштуваат од Фондот за здравство. Промената е со цел да се изврши...

Продолжи со читање

Кривична пријава за обљуба врз немоќно лице

Post Views: 378 СВР Охрид поднесе кривична пријава за Ѓ.М роден 1976 год. Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице. Настанот се случи вчера на улицата 15 Корпус, кога осомничениот ја сретнал оштетената и ја зал на својот мопед со цел да ја префрли до одредено место. Наместо таму, осомничениот се упатил кон бензиската пумпа Билјанини избори, каде и го извршил делото. Настанот во СВР го пријавила жртвата, а инаку станува збор за лице со заостанат душевен разво, по што СВР Охрид веднаш превзеде мерки и за кратко време Ѓ.М беше лишен од...

Продолжи со читање

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 267 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај...

Продолжи со читање

Само пет охридски плажи добија концесионери

Post Views: 703 Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на  електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се...

Продолжи со читање

Почина уште едно лице од ковид-19 во Охрид, новозаболени нема

Post Views: 145 Од Министерството за здравство на Република Македонија информираат дека во текот на последните 24 часа се направени 2.558 тестирања, при што се регистрирани 199 нови случаи на Ковид-19. По градови: • Скопје 157• Куманово и Кавадарци по 6• Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар по 4• Велес 3• Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 2• Богданци 1 Пријавени се 32 починати лица: 13 починати лица од Скопје (80, 76, 75, 72, 72, 69, 69, 64, 61, 57, 55, 45 и 35 години), 6 починати лица од Тетово (81, 78, 77, 69, 62 и 53 години), 3 починати лица од Гостивар...

Продолжи со читање

За лажно „понижење“ 3000 евра глоба

Post Views: 146 Распродажби и попусти речиси во секоја продавница. Но, колку се тие реални и колку исправно се спроведуваат, ќе покажат контролите на пазарниот инспекторат. Периодот на силни распродажби и невидени попусти е во полн ек. Огромни натписи на излозите со кои се нудат производи намалени дури за 50%, речиси на сите дуќани во старата чршија. Но граѓаните реагираат, сомневајќи се во нивната реалност. Вангел Спироски од ОПМ од Охрид вели дека иако до нив сеуште не стигнала преставка од потрошувачите која се однеува на оваа проблематика, сепак јавувања и реакции има.„ Како...

Продолжи со читање

Охрид врие од инспектори

Post Views: 268 Охрид под лупа на инспекциски контроли. При вчерашната контрола на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на Р. Македонија се одземени 300 пара наочари, 2 компјутери, фрчеа високи глоби, а има и приведено лице. Претседателот на ова координативно тело Мите Костов, вели дека контролите кои досега ги спровеле, вродиле со одредени резултати во борбата против корупцијата криминалот и другите девијации во системот. Конкретно во вчерашната акција на мета биле нотарите, кабелските оператори и подвижните тезги.Повреда на авторските права...

Продолжи со читање

Смешко за добра, муртенко за лоша услуга во јавните служби

Post Views: 244 Смешко за добра, муртенко за лоша услуга. Вработените во јавната администрација секојдневно ќе бидат оценувани од граѓаните за тоа како ја извршуваат својата работа. Малата направа со трите сликички  со насмеано, сериозно и намуртено лице иако изгледа како играчка за деца, сепак од неа ќе зависи дали јавниот административец ќе напредува во својата работа, а за тоа како најзасегнати ќе одлучуваат токму граѓаните.„Тој проект е повеќе пати објавен во медиумите. Во четири институции се уведува уредот каде што се пилотираат моментално предностите и негативностите на...

Продолжи со читање

Нема алкохол после 19 часот

Post Views: 199 Почнува зимското сметање на времето ама за продажбата на алкохолни пијалоци.  Одлуката за повторно да се врати старото ограничување стапува на сила од утре. Во текот на летните месеци забраната за продажба на алкохол важеше од 21 часот за сите трговски објекти кои имаат важечка лиценца за продажба на алкохолни пијалоци. Во текот на изминатово лето, вршени се континуирани контроли. Началникот на пазарниот инспекторат во Охрид, Ѓорѓи Бошалески вели дека генерално гледано оваа забрана се почитувала, а биле изречени само мал број на казни.„Тие што беа затекнати без да...

Продолжи со читање