Skip to main content

Ознака: новогодишен

Охридското семејството Караѓуле е добитник на наградата за најубаво украсен новогодишен двор

Post Views: 226 Семејствтот Караѓуле,  Ева и Климе жители на стриот дел од градот се добитници на првата награда за најубаво декориран новогодишен двор. Ева Караѓуле е родена чехиња, која 3 децении живее во Охрид, а во себе ја носи креативноста и навиката нејзиниот двор да биде постојано среден и украсен. За тоа не треба многу, само волја за работа и убава околина, вели Ева.  „ Убаво е, да е украсено не треба многу….да се употребат  шишарки, панделки, кутивчиња  од се ништо се прави се. Сакам да ми е не само за  новогодишните празници  украсено, туку преку цела година...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор во Охрид

Post Views: 269 Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда  ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.  „Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.   Семејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на...

Продолжи со читање

Локалната и Црвен Крст повторно организираат новогодишен ручек

Post Views: 249 По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен  Новогодишен ручек во  Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч.Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Post Views: 320 Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите.„Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најубав двор или тераса

Post Views: 300 Денес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град.„Јас ќе ја искористам...

Продолжи со читање

Новогодишен лампион за возачите

Post Views: 247 СВР пријатно ги изненади возачите. Имено денес на ул Македонски Просветители, полициски службеници застануваа возила со цел да им подарат по еден новогодишен лампион. Дел од возачите беа збунети, но сепак пријатно изненадени. „Триесеттина години сум возач и прв пат пријатно сум изненаден од полицијата, ова не сум го доживеал“. Иницијативата ја покрена портпаролот на СВР – Охрид м-р Стефан Димоски, а ја реализира во соработка со полицискиот синдикат. Воедно тој на сите возачи и туристи кои моментално престојуваат во Охрид им посака многу здравје и успеси на личен и...

Продолжи со читање

Новогодишен гламур и турбо фолк

Post Views: 284   Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина  ќе придонесе за добра забава  на  охриѓани и  гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС,  Томе Џамтоски. „ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде  заштитен со ограда. Ќе биде на  површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа....

Продолжи со читање

И дуќаните во чаршијата во духот на Новата година

Post Views: 492 Се одбројуваат деновите до најлудата ноќ во годината. Охрид традиционално е еден од најукрасените градови во државата. Светкави украси, лампиони, сијалички…навидум безначајни предмети кои го подигнуваат празничниот дух на најдобар можен начин. Новогодишната еуфорија ги понела и охридските дуќанџии, па тие ги дотерале излозите на своите бутици во духот на она што претставува Нова година. Некои повеќе, некои помалку креативни, но со подеднаква желба да ја доловат празничната магија и да ги привлечат купувачите во своите дуќани. „Јас мислам дека ако еден дуќан...

Продолжи со читање

Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 366   Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од  родителите. Најмалите основци  срамежливо потврдуваа дека при  подготовката на деликатесите биле вклучени и тие.Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои  активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата  во заедницата кои имаат потреба од помош. „...

Продолжи со читање

Караванот „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз, пристигна во Охрид

Post Views: 462 Караван со пакетчиња за децата со посебни потреби, насловен „Тинекс, ти и јас“ и Дедо Мраз пристигна во Охрид. Овој каравам предводен од Дедо Мраз во следниве две недели ќе подели 1500 новогодишни пакетчиња во училишта и установи кои згрижуваат деца со посебни потреби и од ранливи групи низ државава. „Овој новогодишен караван го спроведуваме прв пат оваа година и е дел од платформата Тинекс ти и јас и е логично заокружување на сите донации кои ги имаме реализирано во текот на изминатата година во областа на здравството, образованието, културата, спортот. Караванот...

Продолжи со читање