Ознака: Пештани
Post Views: 402 Во четврток на 3-ти ноември ќе се реализира вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца.Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.
Пештани е туристичка населба без марина
Post Views: 1.458 Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница.Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им помогнат. Бараме...
Пештани во вечерните часови
Post Views: 738 Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион.
Незаконит риболов во Пештани и Трпејца, одземени риби и мрежи
Post Views: 770 На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол”, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба Охридска пастрмка. Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места долж...
Кривична за 62-годишна жена поради „бесправна градба“ во Пештани
Post Views: 460 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат...
4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани
Post Views: 502 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати.Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
НОВ АСФАЛТ ВО ПЕШТАНИ, ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА
Post Views: 484 Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид. Денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање на тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ПЕШТАНИ
Post Views: 483 Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами. На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.
“Културно лето-Пештани 2019”
Post Views: 514 Проектот е од интердисциплинарен карактер каде што сите учесници (освен Танче Гроздановски кој е од Скопје )се од Пештани, односно потекнуваат од Пештани. Опфаќа широк спектар на разни видови на уметност како: Музичка уметност, промоција на албумот Елегија од Горан Папаз и Танче ГроздановскиЛиковна изложба на уметнички дела од Мр Валентина Толеска и Мр Марија МешкоскаПоезија и проза, интерпретација од страна на просветните работници( по книжевност и македонски јазик), каде ќе има и сопствени дела на учесниците:Весна БакулескаБети СимоноскаТатијана ЈанескаСузана...
Прекин на водоснабдувањето во Пештани
Post Views: 492 Од МЈП Проаква Водовод Охрид утрово не информираа дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, понеделник, ќе има прекин во водоснабдувањето во Пештани. Поради обемноста на зафатот прекинот ќе трае до 14 часот.
Генералки во с.Пештани и с.Лескоец
Post Views: 467 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со акциите за генерално пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби. Оваа работна седмица генерално се расчистуваше во с.Пештани каде се подигна расфрланиот комунален отпад и трската од крајбрежниот појас, се отстрани ниската вегетација од тротоарите и пристапните патеки, се изврши метење на јавните површини, по што се изврши и миење на истите со цистерна. Акција за генерално чистење се спроведе и во с.Лескоец. Во оваа приградска населба се подигна голема количина од кабаст отпад , зелен отпад и градежен шут,...
ФОТОВОЛТИЧНИ ПАНЕЛИ ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ НА ЗГРАДИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД И ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПЕШТАНИ И ВЕЛГОШТИ
Post Views: 508 Во рамките на ИПА компонентата на ЕУ за набавка на фотонапонски системи за јавни објекти, која ја имплементира Министерството за финансии, Општина Охрид доби три фотоволтични системи. Енергетските системи ќе бидат поставени на зградите на Општина Охрид и на основните училишта во Пештани и Велгошти. Системите се веќе пристигнати и по завршувањето на соодветните законски пропишани постапки, се очекува да бидат монтирани во тек на месец март.Снагата на секоја фотонапонска централа е 15 kW , а произведената електрична енергија, преку посебни броила ќе се регистрира...