Ознака: пишува
Post Views: 11 Шкотскиот премиер Алекс Салмонд ја нарече британската влада „крадец на црното злато” на Шкотска, пишува весникот Индипендент.Салмонд, поранешен економист во областа на енергетиката, во говорот пред Домот на општините излезе со низа обвинувања упатени на адресата на британската влада.„Лесно беше Вестминстер да ги пополнува дупките во британскиот буџет во последните 40 години, земајќи ги нафтата и гасот на Шкотска. Тие ни велат дека нафтата во Северното Море би била подобро стопанисувана од голема земја како Велика Британија , наместо мала земја како...
Скандал на BBC
Post Views: 17 Грешките не се ретка појава во интернетското новинарство, но брзината во работењето си го прави своето и во пишувањето можно е да се изроди некоја несакана грешка, што може и тоа како да има штетни последици. Во таква ситуација се најде ни помалку ни повеќе, угледниот британски гигант BBC, кога им го честиташе на Кинезите влегувањето во годината на Коњот. „Добродојдовте во годината на курвите. Луѓето ширум светот слават„ пишуваше на BBC. Имено, зборот коњ на англиски се пишува „horse„ а несреќниот техничар згрешил, испуштил едно и додал друга буква па напишал...
САД му објави војна на пушењето
Post Views: 21 Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама двојно ќе ги зголеми напорите за ограничување на пушењето цигари, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.Во денеска објавениот извештај по повод 50-годишнината од првиот владин извештај за пушењето во САД, се предупредува дека досега постигнатите успеси во борбата против оваа штетна навика, не се гаранција на напредок и во иднина. Во извештајот, изготвен од американската владина служба за јавно здравство, се напоменува дека додека во 1965 година 43 отсто од населението во САД биле пушачи, денес тој...
Огромната надзорна мрежа на НСА
Post Views: 17 Американската национална агенција за безбедност (НСА)инсталирала шпионска програма во повеќе од 100.000 компјутери низ целиот свет поради надзор над нив, пишува Њујорк тајмс.Најчесто софтверот се инсталирал преку упад во компјутерските мрежи, но НСА се повеќе употребувала тајна технологија, што и давала можност да влегува и да ги менува податоците во компјутерите, дури тие и да не биле поврзани со Интернет, покажуваат документите на агенцијата, на компјутерски експерти и на американски службеници, цитирани од весникот.Радиотехнологијата, употребена од НСА...
Педофилијата, ориентација, состојба или болест?
Post Views: 19 Хетеро, хомо, би, транс и… педофили? Да, двајца канадски експерти велат дека педофилијата е сексуална ориентација, која барем делумно е поврзана со мозокот, пишува „Торонто стар“.„Сè потешко и потешко е педофилијата да се објасни само како последица на трауми од детството“, вели Џејмс Кантор од Центарот за зависности и ментално здравје. „Тоа е или чисто биолошко или комбинација од биолошко и искуствено.“Неговите докази: педофилите вообичаено се пониски, леваци се или исто ги користат обете раце, имаат малку понизок коефициент на интелигенција и повреди на...
Британците велат „НЕ“ за романските и бугарските имигранти
Post Views: 15 Романскиот министер за надворешни работи Титус Корлецјан го повикал премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, да го отфрли ксенофобичниот и популистичкиот, а понекогаш и расистичкиот став, во врска со стравувањата од од големиот број на имигранти, од Бугари и во Велика Британија, пишува британскиот весник „Дејли експрес“.Министерот посочил уште во интервјуто за британската телевизија „Кенал 5“ дека не верува дека ќе има „проток“ од Романци во Велика Британија, бидејќи оние кои сакале да ја напуштат Романија, веќе го сториле тоа.Корлецјан посочи дека Велика...
Дел од украденото нацистичкото богатство на виделина
Post Views: 15 Над илјада и петстотини уметнички дела кои нацистите ги украле во триесеттите и четириесеттите години од минатиот век наводно биле пронајдени во Минхен, пишува германски Фокус.Станува збор за некои од најдобрите светски уметници како Матис, Пикасо и Шагал, а нивната вредност се проценува на неверојатни милијарда евра.Уметничките дела биле организирано украдени или присилно откупени за мали пари од Евреи кои се занимавале со колекционерство.Откритието било направено случајно, и тоа кога на почетокот на 2011 година била спроведена истрага за Корнелиус Гурлит, син на...
Крузерот „Коста Конкордиа“ застана „на нозе“
Post Views: 11 Инженерите во Италија успешно го исправија крузерот Коста Конкордија кој пред 20 месеци се насука во близина на островот Џиљо во Италија, пишува BBC. Според инженерите, биле потребни огромни напори за да се исправи крузерот, а операцијата која почна вчера наутро, траеше до доцните вечерни часови.Во текот на процесот биле користени лостови, челични кабли и метални кутии исполнети со вода, за да се исправи и постави бродот на платформата.Во несреќата на Коста Конкордија настрадаа 32 луѓе, а телата на две жртви се уште не се пронајдени, па нивните фамилии се надеваат...







