Skip to main content

Кој смее да поставува паркинг рампи на јавни површини?

Реакција на наша сограѓанка во врска со узурпирањето на јавна површина на улицата ,,Даме Груев”.
 |  инфодеск  | 

Жителите на улицата ,,Даме Груев” до рубриката Ти Си Твојот Град реагираат на самоволноста на одредени жители кои живеат на таа улица да поставуваат рампи и да бележат јавен простор како приватна сопственост.

-Конечно улицата ,,Даме Груев” на потегот кај ,,Старо кино” беше асфалтирана….и уште не е хоризонтално обележана, денес веднаш некои граѓани ја ископаа и поставија паркинг- рампи и огради! Дали е тоа дозволено или си го направија на диво (нормално активностите беа денес недела попладне)????, стои во коментарот на нашата сограѓанка која реагираше за узурпирањето на делот од улицата каде таа живее.