Skip to main content

Местата каде децата треба да се смеат и играат стануваат извор на опасност

Граѓаните се сѐ поохрабрени да укажуваат на недостатоците во нашето општество; овој пат пристигна реакција за нефункционалноста на детското игралиште кај ОУ „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 

Детските игралишта во Охрид во очајна состојба: стари, дотраени, искршени и небезбедни. Овој пат со реакција до нашата рубрика Ти Си Твојот Град се обрати наша сограѓанка која реагира за дотраеноста на реквизитите на игралиштето кај ОУ „Григор Прличев“.

-Имате супер рубрика за пријавување недостатоци во градот. Детските игралишта се во очајна состојба. Барем неој надлежен да ги раскренит овие опасни остатоци од игралиштето. Очај., вели нашата сограѓанка во нејзината порака.