Skip to main content

13 години негрижа за социјалната зграда во Охрид, обвинуваат револтирани станари

Станарите кои живеат во социјалната зграда упатуваат апел за основна грижа и нормални услови за живеење. Тие бараат надлежните да излезат на терен, да извршат увид и да превземат конкретни чекори.
 |  инфодеск  | 

Во рубрика Ти Си Твојот Град повторно реакција за граѓанската (не)грижа кога станува збор за хигиената и грижата за околината во која живееме.

-Веќе 13-14 години е истиот проблем во социјалната зграда во Охрид. Никој нема грижа, СИЗ за становање не превзема ништо. Каде треба, Министерство за транспорт и врски, да го обавестам со слики? Шуга ќе добиеме, не можеме во подрум да слезиме од гнасота, вели изреволтирано нашата сограѓанка која живее во социјалната зграда во Охрид.

Инаку, во социјалната зграда во Охрид има околу 70 станови, првично наменети за лица со помали примања и социјално загрозени лица. И претходно, во 2015 година, станарите укажуваа на еден куп проблеми, кои очигледно до ден денес надлежните не успеаја да ги решат.