23 години патека за велосипеди „par excellence“
Жителите на зградата апелираат на итна поправка на велосипедската, но и пешачката патека на овој дел од булеварот, со цел побезбедно движење на учесниците во сообраќајот во строгиот центар на градот.
Станарите од зградата на булевар Туристичка за Ти Си Твојот Град ни испратија слики од велосипедската патека која поминува низ центарот на градот. Тие велат дека иако се поминати веќе 23 години од нивното вселување, патеката е во очајна состојба, риунирана, небезбедна и неуредна, и дека целиот овој период во овој дел од градот не е ништо променето.
Жителите на зградата апелираат на итна поправка на велосипедската, но и пешачката патека на овој дел од булеварот, со цел побезбедно движење на учесниците во сообраќајот во строгиот центар на градот.