Skip to main content

Адреналин уште од старт – ѓубре, ризик, разочараност и срам

Проектот за забава станува опасност: Што се случува со адреналинскиот парк?
 |  инфодеск  | 

Адреналинскиот парк, кој се наоѓа кај поранешната Касарна, а кој инаку требаше да прерасне во најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа, охриѓани знаат дека полека но сигурно се распаѓа. Денес, и странците знаат дека имаме еден и единствен неотворен адреналински парк, но за жал уште од самиот влез единствен адреналин кој го чувствуваат е срамот, проследен со ѓубре, ризик и разочараност.

-Денеска сакавме да одиме во голф клубот, моравме да поминеме низ патчето кое води до таму, се разочаравме многу бидејќи гледавме само ѓубре, тегли и баба со внуче кое небезбедно скока на уништените реквизити. Навистина останавме запрепастени бидејќи неколку метра подолу голф клубот нуди неверојатна убавина, велат туристите кои ни ги испратија фотографиите.