„Блесна“ бесправната градба на ул. Димитар Влахов
Новата зграда на ул. Димитар Влахов, на местото на поранешната куќа со историско значење, откриена пред очите на јавноста.
„Охриѓани од денеска можат да „уживаат“ во погледот на новата зграда со солидна висина и ширина и модерна фасада„ – велат граѓани во рубриката ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД.
Во ТиСиТвојотГрад ТВМ скоро една година ја следи оваа градежна „приказна“ во центарот на Охрид каде инвеститорот, отстапувајќи од проектот за реконструкција на стара куќа со историско значење изгради нов објект со поголем габарит кој нема ништо од автентичниот изглед кој требаше да се зачува според издадено конзерваторско мислење од НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид.
Новата зграда се градеше непречено и покрај решенијата на овластен градежен иснпектор за стопирање на градбата, за отстранување на нелегалните доградби на објектот и по поднесувањето на кривична за бесправно градење.
Основното јавно обвинителство Охрид за овој објект на 27 ноември минатата година поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Бесправно градење по чл.244- а став 1 од Кривичниот законик. Јавноста се уште нема информација за тоа дали е донесена одлука за натамошниот тек на постапката.
Дали ќе исчезне уште една препознатлива градба во Охрид | Портал ТВМ (tvm.mk)
Белата куќа на ул. Димитар Влахов не ја преживеа „реконструкцијата“ | Портал ТВМ (tvm.mk)
Во текот на градежните зафати на објектот беше отстранета и мермерната спомен плоча која сведочеше за историски настан од антифашистичката борба на македонскиот народ. Јавноста не дозна по чија вина истата била отстранета, ниту пак се остварија ветувањата на надлежни и на локално и на централно ниво дека плочата ќе биде вратена.
Левица Охрид денеска потсети дека спомен плочата од НОБ сѐ уште не е вратена | Портал ТВМ (tvm.mk)