Skip to main content

Ти си твојот град

Дупки и неасфалтирани делови на ул. Егејска

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од ул. Егејска кај стариот Отпад. Погледнете ја моменталната состојба на овие места.
 |  инфодеск  | 
Улица Егејска дупка

Граѓани на Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на моменталната лоша состојба на дел од ул. Егејска кај стар Отпад. Ова е нивниот коментар:

Дупка улица Егејска

Сликите се од улица Егејска и споредна слепа улица кај стариот Отпад. При реконструкција на Егејска еден дел остана неасфалтиран најверојатно бидејќи им снема асфалт. Неколку големи и длабоки дупки, а од едната стрчат неизолирани кабли. Во последните 15 години жителите на уличката неколку пати писмено се обраќавме до Локалната самоупрва, но досега останаа само ветувања дека ќе ја асфалтираат уличката која е долга помалку од 100 метри. Се надеваме дека сегашната локална управа ќе преземе конкретни активности за решавање на нашиот проблем – велат жителите.

Во продолжение погледнете ги сликите.

Улица Егејска
Улица Егејска дупка
Улица Егејска дупка
Дупки улица Егејска