Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Вали Бајрактар. Тој реагира на неасфалтирана улица, полна со дупки, прашина, кал. Ова е неговиот коментар:
Еве каква слика имаме на 500 метри од центарот на Охрид. Кога ќе заврне дожд не можеме да поминеме од калта. Ова место е одма позади хотел „Фламинго“ на ул. „Јабланица“. Преку лето е хаос се плашиме од змии, а преку зима фекалните води излегуваат од шахтите кога ќе врне. Срам ми е да дојде некој на гости од друг град или село – вели Бајрактар за „Ти си твојот град“.
Погледнете ги сликите во продолжение!