Skip to main content

„Две години од реновирањето на Кејот“, реагираат граѓани

„ДВЕ ГОДИНИ ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА КЕЈОТ“ стои во опис на најновата фотографија која ни пристигна во склоп на рубриката „Ти си твојот град“.
 |  инфодеск  | 
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ телевизија, ни пристигна слика од Ѓорги Несторов. На сликата се гледа дел од Градскиот кеј, а на истата стои опис “ДВЕ ГОДИНИ ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА КЕЈОТ“. Ова е неговиот коментар :
Мислам дека поминаа година и пол до две откако се ставени тарабите за почеток на реновирање на овој дел од кејот, со што е скратена ширината на шеталиштето. Пред скалите или се извадени или украдени 2-3м бехатон плочки, што е опасно за пешаците поготово за постари лица. Добро би било да се тргнат и да се врати во првобитна состојба до некое наредно реновирање на кејот – вели Несторов за „Ти си твојот град“.