Skip to main content

ЕКИПИТЕ НА ТЕРЕН : СЕ САНИРААТ СВЛЕЧИШТАТА ОД ВЕЛГОШТИ КОН ЛЕСКОЕЦ

Откако во рубриката „Ти си твојот град“ вчеравечер беше објавено за свлечишта кои се појавија во Велгошти, на патот кон Лескоец, нашите читатели не информираа дека екипите на надлежните Јавни претпријатија од утринава веќе се на терен и го санираат проблемот.

 |   | 

Откако во рубриката „Ти си твојот град“ вчеравечер беше објавено за свлечиштата кои се појавија во Велгошти, на патот кон Лескоец, нашите читатели не информираа дека екипите на Јавните претпријатија од утринава веќе се на терен и го санираат проблемот.

СВЛЕЧИШТА ВО ВЕЛГОШТИ НА ПАТОТ КОН ЛЕСКОЕЦ

Екипи на Јавните претпријатија од утринава се на терен и го санираат проблемот кој настана по обилните врнежи на патот од Велгошти кон Лескоец.

Вчера жители на Велгошти во рубриката „Ти си твојот град“ објавија за настанати свлечиштата на тој потег. Тие посочуваат дека проблемот се јавува после секој дожд.

Проблемот е 50м над свлечиштето, таму се затрупан каналот па дождовната вода префрла и тече неконтролирано, загрозувајќи ги куќите и пешаците – напиша Иванчо Трпески за „Ти си твојот град“.

Утрово беше направен увид од страна на екипи од јавните претпријатија Охридски комуналец и Водовод.

„Променет тек на водата поради непропусност на канал предизвикал свлчеиште. На терен е испратена механизација со која ќе се отвори стариот канал што е неопходно да се спречи понатамошно свлечување на земјата. Откако ќе се санира и стабилизира свлечиштето ќе се пристапи и кон расчистување на дел од патот кој е поклопен со нанос од земја. Во зависност од временските услови се очекува целосно работите да бидат завршени за два до три дена, информира за ТВМ директорот на ЈП Охридски Комуналец , Сашо Најдески.

Браво за „Ти си твојот град“, браво за експедитивноста на Општина Охрид. Екипи на „Охридски Комуналец“ и „Водовод“ веќе се на терен – напиша Иванчо Трпески кој што ни ги испрати слики во нашата рубрика „Ти си твојот град“.