Skip to main content

Гласната музика сè уште нерешлив проблем на охриѓани

Несфатливо е зошто години наназад нема решение за гласната музика во нашиот град.
 |  инфодеск  | 

Нарушување на јавниот ред и мир од несовесни граѓани кои започнуваат со музика во раните утрински часови и која ги тероризира околните жители до доцна во ноќта. –Веќе четврти ден трае тортурата, вели револтирано нашата сограѓанка, чии гости од соседна Србија и ги испратиле видео снимките.

Несфатливо е зошто години наназад нема решение за гласната музика во нашиот град која им пречи на охриѓани во извршување на секојдневните обврски. Несанкционирањето доведе до тоа да од година во година овој проблем ескалира, и гласната музика стана за жал, препознатлив симбол на Охрид.