Skip to main content

Голема дупка опасна за возачите на патот Пештани-Охрид

Голема дупка која е опасна за возачите е оставена на патот Пештани-Охрид. Жителите апелираат до надлежните во најскоро време да се реши овој проблем.

 |   | 

Билјана Гаврилоска во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа голема дупка на патот Пештани-Охрид, која што е доста опасна за возачите и сообраќајот на овој дел.

Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – вели Гаврилоска.