Skip to main content

Ти Си Твојот Град

Граѓани од Лагадин бараат контејнери за отпад и санација на две затрупани шахти

Велат дека по невремето на регионалниот пат и кракот кон населбата има остатоци од наноси од земја и кал низ кои минуваат возилата.
 |  инфодеск  | 
Лагадин ТиСиТвојотГрад

Граѓани од Лагадин во рубриката „Ти Си Твојот Град“ апелираат да се обрне повеќе внимание на комуналната хигиена во оваа туристичка населба.

Велат дека по невремето на регионалниот пат и кракот кон населбата има остатоци од наноси од земја и кал низ кои минуваат возилата. Посочуваат дека се затрупани две шахти со кал и земја. Апелираат да се исчистат истите, бидејќи во случај на нови врнежи ќе настане проблем.

Исто така посочуваат дека не е подигнат целосно отпадот кои граѓаните го собрале по невремето во саботата. Бараат да се постават контејнери на влезот и излезот од населбата како не би се оставале ќеси со отпад покрај патот.