Skip to main content

ТиСиТвојотГрад

Граѓанин прашува кој ја уништува шумата кај Самоилова тврдина

Дали се води грижа за животната средина и културното наследство на Охрид, прашува граѓанинот.
 |  инфодеск  | 
Пат Самоилови ТТГ

Граѓанин на Охрид до рубриката ТиСиТвојотГрад испрати фотографии за кои вели дека се направени кај Самоилова тврдина. На сред сезона кога градот е полн со странски туристи багери копаат земја, сечат дрвја и камиони ја изнесуваат земјата, вели граѓанинот и јавно прашува дали надлежните се запознаени со тие дејствија.

„Дали се води грижа за животната средина и културното наследство на Охрид. Дали надлежните институции се запознаени со ова дејствие и самоволие кое го извршуваат луѓето кои живеат под
тврдината кои отвориле и пат до својата куќа? Како е можно во срцето на старото градско јадро да се извршуваат вакви дејствија и дали УНЕСКО го дозволува ова?„
– се вели во дописот.