Skip to main content

Социјална зграда

Граѓани се жалат на нечистота пред нивниот дом

Галама, тропање по цел ден, нечистота и отпад. Ова е само мал дел од она со кое што секојдневно се соочуваат граѓани кои живеат во социјална зграда во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Социјална зграда

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од наши сограѓани кои живеат во социјална зграда во Охрид. Се жалат на галама, тропање и голема нечистота која ја прават лица што живеат во истата зграда на приземје. Еве што велат жителите:

Станот се наоѓа на приземје во социјалната зграда. Сопственикот има 7-8 деца и секојдневно се соочуваме со големи проблеми. Галама, тропање по цел ден дури и навечер до 3-4 часот. Не можеме да одмориме ни од работа, а некои работиме и 3-та смена. Собираат секакви отпадоци, железа, пластични шишиња и други работи. Не можеме ни прозор да отвориме од што толку лошо мириса, на терасата чуваат се и сешто. Дворот на зградата не е приватна куќа за да оставаат секакви отпадоци и нечисти работи. Галамата, тропањето се секој ден присутни, човек не можи да седит, а не пак да одмори. Повеќе лица кои живееме во зградата сме се обратиле до СИЗ меѓутоа ништо не преземаат, како воопшто да не постојат, само лажни ветувања дека ќе преземат нешто. Се жалат и луѓето од спротивните згради, но безуспешно. Лицата од тој стан на приземје се опоменати и од полиција, неколкупати дури и приведени за нарушување на јавен ред и мир, но по краток разговор темата тука завршува и како ништо да не било, повторно секој ден истата приказна. Ќе фатиме некоја болест или зараза од нечистота – реагираат жителите.

Тие се надеваат дека во најскоро време ќе се најде решение за овој нивни проблем, бидејќи како што велат со усна опомена нема спас.

Социјална зграда
Социјална зграда