Skip to main content

Ти си Твојот Град

Комунален проблем на рекреативната патека

До рубриката „Ти Си Твојот Град“ граѓани испратија видео за нов комунален проблем на рекреативната патека која води до Парк.
рекреативна патека Парк

До рубриката „Ти Си Твојот Град“ загрижени граѓани испратија видео запис за нов комунален проблем на рекреативната патека која води од Каналот Студенчишта до Парк.

„На самиот крај од патеката од под плочките извира чиста вода“ велат граѓаните.

Упатуваат апел до надлежните проблемот да се реши што е можно поскоро за да не дојде до понатамошно оштетување на овој партерно уреден дел од градот, омилен кај рекреативците.

Современата пешачка патека е широка 10 метри, со две пешачки зони, две патеки за ролери и велосипеди, а во средината е хортикултурно уредена и осветлена. Во рамки на патеката има и посебна фитнес и ново детско игралиште.