Skip to main content

ти си твојот град

Неодговорноста на Телеком

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ, граѓани на Охрид реагираат на оштетена кутија во сопственост на Телеком, која подолго време стои во таа состојба пред нивната зграда кај Охридати.
 |  инфодеск  | 
Оштетена кутија телеком

Оштетена кутија во сопственот на Телеком, стои на несоодветно место на уличка кај Охридати. Жителите реагираат дека истата претставува голема опасност за дечињата кои си играат пред зградата каде што се наоѓа кутијата. Сликите ги испратија во рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ.

Оваа кутија која е во сопственост на Телеком, веќе 1 месец стои вака оштетена, со оголени жици и кабли. Поставена на несоодветно место, блокирајќи цел паркинг. За истото е пријавено во контакт центарот двапати и преку фејсбук страната исто 2 пати. При последната реакција беше ветено дека проблемот ќе биде ескалиран до техничката служба во Охрид. Сеуште ништо, состојбата е како на сликите, останува да се молиме децата кои играат пред зграда да го избегнуваат. Локацијата е пред влез Ф4 во Охридати ( крак меѓу Орфеј и Милениум палас) – вели нашиот сограѓанин за „Ти си твојот град“

Погледнете ги фотографиите во продолжение!

Оштетена кутија телеком
Оштетена кутија телеком