Несредени улички околу „Отпадот“ во Велгошти
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од жители на Велгошти кои реагираат на дупки и ѓубре со кое секојдневно се среќаваат на уличките околу „Отпадот“.
Сликите се направени околу „Отпадот“ во Велгошти, каде ситуацијата со улицата и комуналната хигиена е веќе загрижувачка. И покрај реакцијата на жителите до надлежните институции и Општината, до денес ништо не е преземено – се жалат жителите.
Раскопана улица позади “Отпадот“ во Велгошти
Улицата е со големи дупки од околу 500 до 800м што не претставува проблем тоа да се асфалтира, велат тие.
Да се прошири потегот на истата. Ние секојдневно поминуваме со коли или пешки, а оттаму излегуваат шипки и други материјали кои претставуваат опасност за пешаците и возачите. Реката која е позади „Отпадот“ е секогаш полна со разновиден отпад депониран од несовесни лица – додаваат жителите.
Во продолжение погледнете ги сликите!