Skip to main content

Охриѓанец пријатно изненаден од брзата реакција на ЈП Охридски Комуналец

Од ЈП Охридски Комуналец упатуваат апел до сите граѓани да се грижат за нашата околина и ѓубрето да го депонираат во соодветните канти.
 |  инфодеск  | 

Во рубриката Ти Си Твојот Град денес пристигна видео од наш сограѓанин на кое може да се забележи дека во близина на Градскиот пазар во Охрид, во најфреквентниот дел од градот, насекаде има расфрлано ѓубре од искинати документи на кои се гледа дека претходно биле во сопственост на жител од Охрид.

Откако го добивме видеото, после 10 минути нашиот сограѓанин ни испрати и други слики, каде се гледа дека по неговата навремена реакција до ЈП Охридски Комуналец, вработените веднаш реагирале и изразува благодарност за нивната работа.

Од претпријатието упатуваат апел до сите граѓани да се грижат за нашата околина и ѓубрето да го депонираат во соодветните канти. Од таму додаваат дека со оглед на тоа дека летната сезона е во полн ек и нивната работа за одржување на чистотата на градот е зголемена, вработени од ЈП Охридски Комуналец се цело време на терен и превземаат мерки за да ја го исчистат градот на време и да го соберат целото ѓубре.