Skip to main content

православен календар
Свети Теофилакт, епископ Никомидиски
УХМР
Минималните температури во Охрид од -1, а максималните до 11 степени Целзиусови.
И овој продолжен викенд  зголемен број посетители , на брегот на Охридското Езеро. Туристичкиот сектор  внимателно  ги следи  случувањата на Блискиот Исток и нивното можно влијание врз сезоната.

Последни Новости

Окт 25, 2021

Мирослав Трајчески денес ни испрати слика за рубриката „Ти си твојот град“ и со јавноста споделува проблем со водовна цевка во населбата Христо Узунов во Охрид.


Окт 24, 2021

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, наши сограѓани ни испратија слики од моменталната состојба во која се наоѓаат познатите Билјанини извори кои негогаш беа главна атракција за туристите и важеа за препознатлив белег на Охрид. Прашуваат што се случува со изворите?!


Окт 23, 2021

Корпи полни со ѓубре, расфрлан отпад од несовесни лица насекаде. Ваква е денешната глетка на едно од најубавите места на Охридското крајбрежје, Оровничка плажа.


Окт 23, 2021

Наш сограѓанин испрати слика до рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледа надвисната стара антена на куќа која се наоѓа на улицата Питу Гули во Охрид, во близина на ОУ „Христо Узунов“.


Окт 23, 2021

Деновиве надлежните екипи ја санираа, односно пополнија со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.


Окт 18, 2021

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа рафрлано ѓубре во околината на ОУ „Св. Климент Охридски“.


13/10/2021
Жители на улицата Крали Марко во Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ пријавуваат проблем за кој како што велат не е првпат. Имено, станува збор за депонирање отпад од несовесни граѓани кај повеќенаменското игралиште кое се наоѓа на оваа улица.Ова е нивниот коментар :Сакаме да пријавиме по втор пат проблем на ул. ,,Крали Марко” (на самата ширина пред игралиштето) несовесни граѓани непрекинато фрлаат неразградлив отпад (пред предворје), иако неколкупати беше разговарно за истото и од страна на ЈП ,,Комуналец”. Во прилог слики од отпадот (кој секоја недела се прави од сограѓани ко…

Окт 10, 2021
Уште еднаш несовесноста на граѓаните се покажува на дело. Слики во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати Миле Павловски кој реагира на непрописно паркирани возила на улицата Марко Цепенков.Сликите се од улицата Марко Цепенков во Охрид. Тука често поминувам и со возило и пешки и секогаш има проблем со паркираните возила каде се гледа од сликите дека цела коловозна лента е зафатена – вели Павловски за „Ти си твојот град“.