Skip to main content

православен календар
Свети Теофилакт, епископ Никомидиски
УХМР
Минималните температури во Охрид од -1, а максималните до 11 степени Целзиусови.
И овој продолжен викенд  зголемен број посетители , на брегот на Охридското Езеро. Туристичкиот сектор  внимателно  ги следи  случувањата на Блискиот Исток и нивното можно влијание врз сезоната.

Последни Новости

Сеп 12, 2021

„СПОМЕНИК“-Полско WC во центарот на градот Охрид. Изреволтирана наша сограѓанка испрати слика од оваа лоша глетка во склоп на рубриката „Ти си твојот град“.


Сеп 12, 2021

Голема дупка која е опасна за возачите е оставена на патот Пештани-Охрид. Жителите апелираат до надлежните во најскоро време да се реши овој проблем.


Авг 31, 2021

Даниела Сакова за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од кои се гледа прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на ул. Туристичка. Прашува на кого му смета ова?!


Авг 30, 2021

Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“


Авг 27, 2021

Антонио Симоноски испрати слики до „Ти си твојот град“ од ископано сокаче на улицата Абас Емин. Поминале 4 месеци откако ја ископале, вели тој, а сеуште е иста, несредена.


Авг 26, 2021

Билјана Митреска ни испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледаат паднати кабли низ повеќе делови на Охрид.


25/08/2021
Во рубриката „Ти си твојот град“ секојдневно пристигнуваат слики од различни проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Охрид. Весна Шопоска ни испрати слики од сокаче на улицата 7-ми ноември кое долги години е оставено во лоша состојба. Еве го и нејзиниот коментар околу состојбата.7 Ноември во срцето на Охрид. Сокаче со две згради и три куќи. Пристап никаков, чистење од Комуналец еднаш на две години. Еден ден и руинираните ѕидови ќе паднат врз минувачите. Прашање е дали и кога ќе се среди ова сокаче? – напиша Шопоска.

Авг 24, 2021
Игор Климовски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати фотографија од тротоар во близина на СРЦ Билјанини извори. Вели дека со години овие тротоари се оставени несредени и во лоша состојба. Ова е неговиот коментар.20 години од кога знам за мене, бекатонот фалит. Место пред бензиската Билјанини извори ( правец Охрид-Пештани) и едната и другата страна се катастрофа.