Дел од улицата „Ристо Чадо“ со дупки, кал и бари, се жалат граѓаните
Во рубриката „Ти си твојот град“ слики испрати Диме Стеваноски, а на нив се гледа дел од улицата „Ристо Чадо“ во населбата Видобишта кој што е во многу лоша состојба. Како што вели Диме, тој и неговите соседи не можат да си влезат во своите од домови од барите кои се формираат после врнежите од дожд.
Дупки и кал во населбата „Езерски лозја“
Читатели на tvm.mk испратија слика на социјалните мрежи во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ на која се гледаат дупки и кал на една од уличките во населбата „Езерски лозја“ во Струга.
Свлечишта во Велгошти на патот кон Лескоец
Свлечишта во селото Велгошти, на патот кон Лескоец може да видиме од сликите кои ги испрати Иванчо Трпески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија.
Расфрлано ѓубре кај Градскиот пазар во Охрид
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува Регионалната ТВМ Телевизија, наши сограѓани испратија слика преку која реагираат на расфрлан отпад од несовесни лица во Градскиот пазар во Охрид.
Магично зајдисонце во Охрид
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија ни пристигнаа слики од Емилија Бимбилоска на кои се гледа прекрасно зајдисонце во Охрид.
Недосредени делови на улицата Јане Сандански
„Слики од ул. Јане Сандански во близина на железарија „Мравка“. Од цела улица само овој дел остана ненаправен и ја грди цела улица“, вели Катерина Костоска за рубриката „Ти си твојот град“.
Неколку месеци тече вода на уличе во населба Христо Узунов кај „Ламели“
Неколку месеци тече вода на уличе во населбата Христо Узунов кај „Ламели“. Сликите во рубриката „Ти си твојот град“ ги испрати Јован Карамач, кој апелира до надлежните да го санираат овој проблем што е можно поскоро.
3 месеци пукната цевка кај затворениот базен
И после 3 месеци, сеуште не е решен проблем со пукната цевка кај затворениот базен за кој што наши сограѓани се пожалија во рубриката „Ти си твојот град“.