Skip to main content
Авг 31, 2021

Даниела Сакова за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од кои се гледа прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на ул. Туристичка. Прашува на кого му смета ова?!


Авг 30, 2021

Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“


Авг 27, 2021

Антонио Симоноски испрати слики до „Ти си твојот град“ од ископано сокаче на улицата Абас Емин. Поминале 4 месеци откако ја ископале, вели тој, а сеуште е иста, несредена.


Авг 26, 2021

Билјана Митреска ни испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледаат паднати кабли низ повеќе делови на Охрид.


Авг 25, 2021

Денес во „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашата сограѓанка Весна Шопоска која ги прашува надлежните институции кога ќе се среди малото сокаче на улицата 7-ми ноември?!


Авг 24, 2021

Игор Климовски во склоп на „Ти си твојот град“ реагира на несредените тротоари кои се наоѓаат во близина на СРЦ Билјанини извори и вели дека истите долги години се во лоша состојба.


Авг 20, 2021

Саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“, веднаш откако беа објавени слики во рубриката „Ти си твојот град“.


Авг 18, 2021

Откако била заменета со нова, бандера на улицата Егејска, не е вратена во првобитната состојба. Не се поставени бекатон плочките околу бандерата, се отвораат нерамнини и дупки.-вели Стојче Тасески, жител од оваа населба кој ни испрати слики за „Ти си твојот град“.