Дек 28, 2023
Ти Си Твојот Град
ОЈО Охрид води истражна постапка против две лица за реконструкцијата на куќата на ул „Димитар Влахов“
На локацијата не остана ништо од објектот со историско значење и препознатлива градба и фасада откако инвеститорот отстапувајќи од проектот за реконструкција изгради нов објект со поголем габарит кој нема ништо од автентичниот изглед кој требаше да се зачува според издаденото конзерваторско мислење.
Дек 27, 2023
Ти Си Твојот Град
Реакцијата на граѓанин во ТиСиТвојотГрад за депонија во градските гробишта стигна и на седница на Совет
Граѓанин преку рубриката ТиСиТвојотГрад реагира за одлаѓање градежен шут во делот на муслиманските гробишта во Охрид. ТВМ побара информација од општинскиот комунален инспекторат и ЈП Градски гробишта во врска со проблемот. Одлагањето на шут во градските гробишта денеска стигна и на седница на совет. Новиот директор на јавното претпријатие вели дека е започнато со расчистување на депонијата. Додаде дека ќе бидат преземени низа активности во поглед на хигиената, организацијата и одржувањето на градските гробишта.
Дек 19, 2023
Ти Си Твојот Град
Несовесни граѓани одлагаат градежен шут во Чекоштина
Граѓани апелираат до надлежните да преземат мерки за спречување и казнување на несовесните граѓани кои ја загадуваат природата во Чекоштина.
Окт 21, 2023
ТиСиТвојотГрад
Станари на зграда на ул. АСНОМ стравуваат за својата безбедност
Тие испратија видео снимки до ТиСиТвојотГрад од локацијата со објаснување дека при копање за изградба на нов станбен објект до нивниот се поткопува паркингот.
Окт 1, 2023
Ти Си Твојот Град
Белата куќа на ул. Димитар Влахов не ја преживеа „реконструкцијата“
На прашањето „Што се презема за да се заштити градбата, односно инвеститорот при реконструкцијата да ги почитува проектот и дадените конзерватоски мислења и дозволи од НУ Завод и Музеј за зачувување на автентичниот изглед“, по еден месец настојување, редакцијата на ТВМ доби краток одговор: „Поднесени се соодветни пријави до надлежните органи“.
Сеп 18, 2023
Состојба на општите добра
Продолжува девастацијата и негрижата за општите добра низ Охрид
Уште една, за жал, неубава слика за Охрид, покажуваат фотографиите испратени од наш сограѓанин за нашата рубрика ТиСиТвојотГрад.
Сеп 15, 2023
Ти Си Твојот Град
Повторно активности во објектот на Ул. „Димитар Влахов“
Повторно реакција од граѓани во рубриката ТТГ во врска со градбата на ул.„Димитар Влахов“, во врска денешни активности во објектот.
Сеп 5, 2023
Ти Си Твојот Град
Инвеститорот има решение да ги отстрани доградбите на куќата на ул. Димитар Влахов
Граѓаните бараат од надлежните да се зачува автентичниот изглед на градбата. Од Завод и Музеј велат дека тие не дале дозвола за доградбите со кои инвеститорот ја нарушува оригиналноста на градбата, а општинскиот градежен инспектор донел решение за отстранување на доградбите кои се без одобрение и пред 5 дена го затворил градилиштето.







