Skip to main content

Пауните се жив украс на Св. Наум

Воскре Јосифоска во рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од прекрасните пауни кои го красат Манастирскиот комплекс Св. Наум.

 |   | 

Манастирскиот комплекс Св. Наум е опкружен со божествена природа и зрачи со убавина, култура, историја и традиција. Св. Наум е место кое ќе ве восхити со неговата убавина, а таму ќе најдете и душевен мир. 

Манастирот го красат и преубавите пауни или рајски птици кои се сметаат за симбол на христијанството и кои ги има во изобилство. Криковите на овие горди птици со шарени пердуви се слушаат многу далеку.

Токму нив ги имаме во „Ти си твојот град“, а сликите ни ги испрати Воскре Јосифоска.