Ти со твојот град
Пештани во вечерните часови
На 12 километри јужно од градот Охрид, во подножјето на планината Галичица на источниот брег на Охридското езеро се наоѓа селото Пештани.
Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион.