После колку време се затвараат дупките по санирање на оштетувањата на водоводната мрежа?
Пред две недели жителите на зградата на Булевар Туристичка бр. 50 заприметиле дека има квар на водоводната мрежа при што навремено пријавиле во ЈП Водовод.
Пред две недели жителите на зградата на Булевар Туристичка бр. 50 заприметиле дека има квар на водоводната мрежа при што навремено пријавиле во ЈП Водовод.
Откако се утврдило каде е точното оштетување, по повеќе кратно ископување на различни места, вработените го поправиле оштетувањето, но зад себе го оставиле отворено ископаното место.
ТВМ ТелевизијА веднаш го контактираше ЈП Водовод, и од директорот Марјан Ристески го добивме следниот одговор:
„Дефектот е работен пред точно една недела, оставен е да се следи состојбата неколку денови, два дена заради временските услови не е постапувано. Во текот на денешниот или утрешниот ден во зависност од временските услови истиот ќе биде реализиран.“