Несовесни граѓани
Расфрлано ѓубре на патот кон Претседателската Вила
Повторно несовесни лица расфрлиле разновидно ѓубре. Овој пат на патот кој води кон Претседателската Вила. Сликите се испратени во рубриката „Ти си твојот град“.
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашата сограѓанка Мимоза Ставрева.
На сликите може да видиме расфрлано ѓубре од несовесни лица на патот кој води кон Претседателската Вила. Дали вака треба да изгледа ова место, каде секојдневно се рекреираат нашите граѓани, но и туристите кои го посетуваат Охрид?!
Погледнете ги сликите во продолжение.