Расфрлано ѓубре околу школото во Далјан
На што ли газат децата кои учат во подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан?!
Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.Наум
Родителите преку рубриката „Ти си твојот град“ се жалат дека нивните деца секојдневно на голем одмор или кога си одат од школо, приморани се да газат на еден куп ѓубре кое зад себе го оставаат несовесни граѓани. Ова е нивниот коментар:
Од училиштето и од родители повеќе пати е реагирано. Не знам точно каде, но никој нема слух за проблемот. Се работи за проблем кој се провлекува со години. Во доцните ноќни часови, кај игралиштето и околу училиштето доаѓаат автомобили, се паркираат, а после нивното заминување зад себе оставаат расфрлани влажни марамчиња, паковки од ланч пакети, разно ѓубре. Тука секој ден минуваат деца до петто одделение со нивните родители, баби, дедовци и го газат ова ѓубре. Истото го газат и кога излегуваат на голем одмор или на час по физичко воспитување. Ве молам за помош. Да се разбуди свеста. Само на вас се сетив. Мислам дека ќе побудите будење на свеста и совеста на надлежните – истакна Анета Дејкоска за „Ти си твојот град“.