Skip to main content

ти си твојот град

Расфрлано ѓубре околу школото во Далјан

Еден куп ѓубре рафрлано кај ОУ „Св. Климент Охридски“ во Далјан. Родители реагираат на овој проблем преку „Ти си твојот град“.
 |  инфодеск  | 
отпад на зелена површина

На што ли газат децата кои учат во подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан?!

разновидно ѓубре на зелена површина

Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.Наум

Родителите преку рубриката „Ти си твојот град“ се жалат дека нивните деца секојдневно на голем одмор или кога си одат од школо, приморани се да газат на еден куп ѓубре кое зад себе го оставаат несовесни граѓани. Ова е нивниот коментар:

Од училиштето и од родители повеќе пати е реагирано. Не знам точно каде, но никој нема слух за проблемот. Се работи за проблем кој се провлекува со години. Во доцните ноќни часови, кај игралиштето и околу училиштето доаѓаат автомобили, се паркираат, а после нивното заминување зад себе оставаат расфрлани влажни марамчиња, паковки од ланч пакети, разно ѓубре. Тука секој ден минуваат деца до петто одделение со нивните родители, баби, дедовци и го газат ова ѓубре. Истото го газат и кога излегуваат на голем одмор или на час по физичко воспитување. Ве молам за помош. Да се разбуди свеста. Само на вас се сетив. Мислам дека ќе побудите будење на свеста и совеста на надлежните – истакна Анета Дејкоска за „Ти си твојот град“.

отпад на зелена површина
ѓубре на спортско игралиште
ѓубре на зелена површина

Полни корпи со ѓубре, расфрлан отпад на Оровничка плажа