Слалом низ тезги и чадори за да си дојш дома
Типично охридско секојдневие во т.н. „туристички град“ со претензии за културна престолнина.

Типично охридско секојдневие: жители и гости посетители на зелениот пазар не можат да поминат од диво поставените тезги на потегот од Стариот Чинар спрема влезот на пазарот. Жени со бебешки колички, луѓе со колички за на пазар и сите минувачи мака мачат со сè помалиот простор за врвење низ тезгите.
-За да си дојдеме дома, мора да се провираме меѓу тезгите, чадорите и масите по пазарот, поставени буквално по средината на уличката. За жал, јавниот простор во Охрид уште е окупиран без контрола, но на нарушениот јавен ред и урбан хаос во центарот мора да му дојде крајот, реагира наша сограѓанка.