Со какви урбанистички проблеми се соочувате во вашата општина?
Доколку живеете во една од општините Охрид, Струга, Вевчани или Дебарца, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да откриваме урбанистички проблеми и да ги анимираме надлежните институции за решавање на истите.
Доколку живеете во една од општините Охрид, Струга, Вевчани или Дебарца, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да откриваме урбанистички проблеми и да ги анимираме надлежните институции за решавање на истите.
Прашалникот можете да го пополнете ТУКА.
Сама по себе урбанизацијата е потребна, но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќници профитираат од градежните активности, узурпација и лошите планирања, тогаш станува збор за кршење на законите.
За жал, во нашата земја години наназад се знае дека градските и државните власти често работат во интерес на политички и финансиски моќните, на штета на интерсите на обичните граѓани.
Поради непланското градење во Охрид и Струга, кои припаѓаат на заштитеното подрачје под Унеско, нормалното функционирање на граѓаните е оневозможено и квалитетот на животот од година во година се намалува. Дополнително, ваквите градби и дивоградби го доведоа Охрид под ризик да се најде на листата Светско наследство во опасност.
Ни треба вашата помош за да ги мапираме сите урбани злосторства, дивоградби, узурпација на земјиште, узурпација на брегот на Охридското езеро, за да истражуваме, но и да бараме решенија на истите.
Пријавете ни дивоградби, урбанистички проблеми, незаконски градби, непочитување на законот за градба; приложете ни е докази, фотографии и документи.
Вашата анонимност е загарантирана, освен во случај ако сакате јавно да обзнаните некој проблем.
Ве повикуваме да го одговорите нашиот прашалник, бидејќи секој од Вас е важен!