Сообраќајниот срам на охриѓани низ призмата на сообраќајната полиција

Има ли сообраќајна полиција во Охрид? Пошто очигледно сообраќајна култура нема. Можеби некогаш и имало, но неказнивоста и “знаеш ли кој сум јас” или “само на две минутки” си го направија своето.
Наша читателка во рубриката „Ти Си Твојот Град“ реагира за сообраќајниот метеж низ охридските главни улици кој се повторува од ден во ден.
-Вчера се возев 15-тина минути низ Охрид и на сите улици по кои поминав имаше паркирани возила на коловоз со 4 жмигавци – шофери од типот “само на две минутки” или узурпирани тротоари – шофери од типот “никој не ми може ништо”. Дури и внатре, во кружен тек имаше паркирано такси возило, како е возможно во главниот туристички град во Македонија да се случува ова?, реагира нашата сограѓанка.
Па, како што вели една стара изрека: Секој си прави што сака, карванот си врви, кучињана си лаат…