Skip to main content

ТиСиТвојотГрад

Станари на зграда на ул. АСНОМ стравуваат за својата безбедност

Тие испратија видео снимки до ТиСиТвојотГрад од локацијата со објаснување дека при копање за изградба на нов станбен објект до нивниот се поткопува паркингот.
 |  инфодеск  | 

Граѓани реагираат преку рубриката ТиСиТвојотГрад за, како што велат, загрозување на нивната безбедност поради изведување на градежни работи на парцела до нивната станбена зграда на улицата АСНОМ.

Тие испратија видео снимки до ТиСиТвојотГрад од локацијата со објаснување дека при копање за изградба на нов станбен објект до нивниот се поткопува паркингот.

„На улица АСНОМ до Комуналец, позади каде што се гради зграда од ТримЛум, несовесно се копа непосредно до пракингот на нашата зграда. Загрозени се станарите и ризично е за коли и пешаци. Веќе е напукнат паркингот и се јавуваат дупки од несовесното копање до зградата„ – реагираат станарите.