Skip to main content

ТиСиТвојотГрад

„Стандардна„ изведба на шахти за украс

Жители на Будва во рубриката ТиСиТвојотГрад се жалат дека шахтите на кракот што излегува на булевар Железничка, кој неодамна беше асфалтиран, се лошо изведени и не си ја вршат функцијата.
шахта

Проблеми за жители на улица „Будва“ и по нејзината реконструкција. Тие во рубриката ТиСиТвојотГрад се жалат дека шахтите на кракот што излегува на булевар Железничка, кој неодамна беше асфалтиран, се лошо изведени и не си ја вршат функцијата. Деновиве поради врнежите од дожд улицата е мини езерце.

Новоизградена дисфункционална улица во поглед на тотално нефункционални шахти !! Секој дожд исто- мини езеро!! Среќа што добивме 50см тротоар па некако кога немаТ сообраќај имат шанси со трчање да избегниш капење!„ – велат жители на тој потег од Будва.

Испратија фотографии и видео во ТиСиТвојотГрад и објаснуваат дека шахтите се полни со асфалт и шут. Како ги поставија, повисоко отколку што е потребно, така и ги оставија, додаваат граѓаните.

„За дојава кај одговорните е вистински процес! На секое јавување добиваш насока кон следен број и така натаму……..дури не преврнит!!“ – велат жителите кои бараат нивелирање и чистење на шахтите за да можат нормално да се движат по улицата и да стигнат „суви“ до своите домови.