Св. Богородица-Заум
Во непосредна близина на селото Трпејца, на источниот брег од Охридското езеро, се наоѓа црквата Св. Богородица-Заум. Иако е сместена во многу тешко пристапно место, сепак доста е посетувана од Охриѓани, но и од странските гости.
Црквата Св. Богородица-Заум се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Сместена е во многу тешко пристапно место, но е доста посетувана од Охриѓани и гостите.
Во рубриката „Ти си твојот град“, Теодора Нанеска ни испрати слики од ова прекрасно свето место.
Убавина која не се опишува со зборови. Прекрасно место, каде што ќе најдете душевен мир и спокој. Сликите ги направивме од чамец, па може да се види и преубавата боја на нашето езеро – вели Нанеска.