Св. Спас во Горно Лакочереј е мало парче рај на земјата
Ако некогаш патот ве носи кон Горно Лакочереј, посетете го и манастирот „Свети Спас“, бидејќи тоа свето место навистина има што да понуди.
Сместен во планинскиот дел на Горно Лакочереј, манастирот „Свети Спас“ е вистинска оаза, со целосно хортикултурно уреден двор, цвеќиња, тревници, дванаесеттина конаци, кујна за готвење. „Свети Спас“ на сите намерници им нуди место за одмор, со сите можни удобности.
Наша читателка ни испрати слика од Св. Спас за рубриката „Ти си твојот град“.