Skip to main content

Свлечишта во Велгошти на патот кон Лескоец

Свлечишта во селото Велгошти, на патот кон Лескоец може да видиме од сликите кои ги испрати Иванчо Трпески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ Телевизија.

 |   | 

После секој дожд, се формираат свлечишта во Велгошти на патот кој Лескоец, вели Иванчо Трпески, кој ни испрати слики од овој нивни проблем во рубриката „Ти си твојот град“. 

Свлечиштата се наоѓаат во Велгошти на патот кон Лескоец. Овој проблем беше пред десетина дена, но сега патот е повторно затворен со ново свлечиште. Во прилог ви праќам и стари и нови слики. Проблемот е 50м над свлечиштето, таму се затрупани и обраснати каналите па дождовната вода префрла и тече неконтролирано, загрозувајќи ги куќите и пешаците – вели Иванчо Трпески за „Ти си твојот град“.