Skip to main content

ТСТГ: Дан требеТ шољи?

До кога во 21 век ќе треба нашите сограѓани да реагираат на чистотата во строгиот дел на градот, и тоа баш во пресрет на одбележувањето на јавните настани!?
 |  инфодеск  | 

Наша сограѓанка, која вечерва со голем ентузијазам сакаше да присуствува на манифестацијата по повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, а организирана од страна на Општина Охрид, Женскиот центар „Бисера“ и Фото клубот „Охрид“, веднаш до НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид затекна многу непријатна глетка.

Имено, во ресторанот веднаш до киното, надвор биле оставени еден куп вц шољи и материјали кои угостителите ги користеле при реновирањето.

-Ево наша слика и прилика: центар на град! – вели изреволтирано нашата сограѓанка која наместо да го слави, радува и величи успехот на жените, вечерва мораше да реагира на ѓубрето кои го оставаат другите.

Навистина жалосно, наместо гостите да уживаат во ремек делата на нашите охриѓанки, тие мора да бидат пречекани и испратени од глетката на ресторанот во близина т.е. од шољите.