Импровизирани табли на нов „паркинг“
Импровизирани паркинг-ознаки поставени на импровизирани паркинг-локации
На улицата „Марко Нестороски“ се појави импровизиран паркинг обележан со рачно направени, нерегуларни табли. Граѓаните реагираат дека ваквата пракса создава забуна и сомнеж дали паркирањето навистина е под надлежност на општината, нечиј приватен обид за наплата или пак узурпација на државно земјиште.