ТСТГ: Уште еден случај на самоволно узурпирање на јавен простор, до кога препреки ќе се поставуваат на јавен имот кој припаѓа на сите нас?

После сторијата од наши сограѓани за узурпирани јавни површини и поставување на рампи на јавни паркинг места, и брзата реакција на локалната самоуправа, жителите на Охрид повторно охрабрени за пријавување на слични случаи.
Наш сограѓанин реагира за узурпиран јавен простор, овој пат кај училиштето за посебни потреби „Сончеви зраци“.
-Гледам дека рубриката Ти Си Твојот Град одлично функционира. Сакам да пријавам узурпирано државно земјиште на самиот тротоар каде се поставени железни цевки и синџири. Неколку пати стари лица се сопнати на оваа препрека. Тука работи бараката на Жито леб, луѓето купуваат леб. Ова се наоѓа на на улицата „7-ми Ноември“, одма наспроти Крст џамија, кај ОУ „Братство единство“, вели во коментарот нашиот сограѓанин кој живее во близина и секојдневно го гледа хаосот на овој дел од градот.




