Во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од Јован Блажевски. Тој реагира на неасфалтирана уличка која е во многу лоша состојба, особено кога врне дожд. Ова е неговиот коментар:
Станува збор за улицата Даме Груев, поточно второто сокаче од десна страна после старото кино. Во строг центар повеќе од 30 години ниедна локална власт не го реши овој урбанистички срам и голем проблем за нас граѓаните кои го користиме овој пат за пристап до нашите домови. Сите плаќаме улично осветлување, а сијалица нема. Кога врне дожд треба со најлони на нозете да одиме. Се работат за нецели дваесеттина метри – вели Блажевски за „Ти си твојот град“.
Во продолжение погледнете ги сликите!