ти си твојот град
Депонија во Стариот дел на Охрид
Несовесен граѓанин секојдневно наталожува ѓубре во Стариот дел на Охрид, каде што поминуваат бројни домашни и странски туристи.
Еден куп ѓубре, секојдневно се наталожува од несовесен граѓанин кој живее во Стариот дел на градот. Сликите до рубриката „Ти си твојот град“ ни ги испрати Мариа Бошале, а ова е нејзиниот коментар:
Наталожено ѓубре среде Стариот дел од Охрид, каде го гледаат многубројни туристи кои нон стоп го снимаат. Човеков зема социјална помош, зема храна за загрозени жители од Охрид и покрај тоа што е здрав и прав, а не врши никаква општо корисна работа. Барем да си го собира ѓубрето и да го носи во контејнер. Од локацијата се шири непријатен мирис, а се наоѓа на агол од две улици – вели Мариа Бошале за „Ти си твојот град“.Погледнете ги сликите!