Уште не отворен, адреналинскиот парк веќе со знаци на уништување

Иако минатата година градоначалникот Кирил Пецаков го најави отворањето на најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа токму во Охрид, на местото на поранешната Касарна, по се изгледа, уште неотворен, адреналинскиот парк веќе започна да се распаѓа. Местото каде што беше предвидена изградба на два типа адреналински паркови, еден за деца од училишна возраст, а другиот за возрасни лица, по се изгледа нема да го види светлото на денот.


Наши сограѓани кои често поминуваат во близина на местото на адреналинскиот парк ни ги испратија фотографиите на кои се гледа дека паркот е во многу незавидна ситуација. – Се гледа дека паркот е граден со многу квалитетни и јаки материјали, прекрасно направен, но зошто уште не е ставен во употреба и зошто не е отворен за посетители? За жал гледаме дека веќе се очигледни знаците на оштетување: заштитната ограда е веќе падната, искинати конци од јажињата насекаде, па дури и некои пластични елементи што ги имаше пред некое време се сега украдени. Во нашиов град ретко се прави нешто, а зошто од кога ќе се направи истото се остава да пропадне? – велат за Ти Си Твојот Град нашите сограѓани.



Советничката Живка Ангелоска, на седница од декември 2024 која беше токму за усвојување на буџетот за оваа 2025 година посочи дека посочи дека „позитивно во нацрт програмите за 2025 година е што повеќе ги нема проектите од Ohrid GO како адреналинскиот парк и памп траката, затоа што конечно по 4 години се или реализирани или се во финалната фаза“, но за жал, охриѓани и туристите сè уште не можат да уживаат во андреналинскиот парк кој беше најавуван години уназад.


Latest Ти Си Твојот Град
